logo
logo
logo

По 15 години чување ЌЕ СЕ УНИШТУВААТ МИНСКО-ЕКСПЛОЗИВНИ СРЕДСТВА

Vecer | 13.12.2025

По 15 години чување ЌЕ СЕ УНИШТУВААТ МИНСКО-ЕКСПЛОЗИВНИ СРЕДСТВА

На полигонот „Криволак“ денеска ќе биде уништена голема количина на минско-експлозивни средства запленети пред 15 години, соопшти Министерството за внатрешни работи.

– Минско-експлозивните средства од касарна „Ѓорче Петров“ до армискиот полигон „Криволак“ ќе бидат транспортирани со товарни возила-камиони на АРМ каде во присуство на Комисијата за уништување на оружје, делови и компоненти на оружје, муниција и експлозивен материјал, од страна на полициски службеници од Единица за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи, стручни лица од АРМ и пиротехничари од Дирекција за заштита и спасување ќе биде спроведено нивно уништување со контролирана детонација, наведуваат од МВР.

Тоа што ова е прв случај на уништување на ваков тип минско-експлозивни средства по цели 15 години, како што с епосочува во соопштението, говори дека претходно не била соодветно третирана безбедноста на граѓаните со должна сериозност.

Денешниот чекор јасно покажува дека со одговорен пристап, вистинска посветеност и професионално раководење, овој сегмент од безбедносниот систем конечно се поставува на ниво какво што одамна требало да биде, соопштија од МВР.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk