logo
logo
logo

ВЛАДАТА ПРЕДВОДЕНА ОД ВМРО-ДПМНЕ продолжува со инвестиции во инфраструктурата низ целата држава

Vecer | 14.06.2025

ВЛАДАТА ПРЕДВОДЕНА ОД ВМРО-ДПМНЕ продолжува со инвестиции во инфраструктурата низ целата држава

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со инвестиции во инфраструктурата низ целата држава, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

-Се пушти во употреба реконструираниот регионален пат од Охрид до Св. Наум. Со инвестиција од 11,7 милиони евра, се реконструираа 24,3 километри современ магистрален пат. Магистралниот пат Охрид-Св Наум се реконструира целосно и се опфати целосна санација на коловозот, се постави нова на сигнализација, безбедносни огради и се прошири каде што теренот тоа го дозволува. Магистралниот пат Охрид- Св Наум ќе допринесе и туризмот економијата и регионално поврзување. Охрид исто така се поврзува и со светски дестинации преку новите авио линии Истанбул, Меминген, Виена, Белград. Исто така се работи и се градат неколку клучни патни правци во Западна Македонија. Се гради Автопатот Кичево- Охрид , делниците Тетово – Гостивар и Гостивар – Букојчани, а исто така се работи и на подготовка за градба на делницата Букојчани- Кичево, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има јасна цел и фокус кон засилена динамика на градежни активности на терен. Се градат нови автопати, експресни патишта, модерни коридори, се работи засилено за Македонија да има модерна и функционална инфраструктура со цел подобрување на животот на граѓаните, додаваат од владејачката партија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk