logo
logo
logo

ВЛАДАТА И СИНДИКАТОТ СОРАБОТУВААТ, се бараат ефикасни решенија за администрацијата

Vecer | 21.05.2025

ВЛАДАТА И СИНДИКАТОТ СОРАБОТУВААТ, се бараат ефикасни решенија за администрацијата

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска оствари работна средба со Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС), Благоја Ралповски.

На средбата се разговараше за клучни прашања поврзани со положбата на вработените во јавниот сектор, условите за работа, како и за унапредување на социјалниот дијалог меѓу Владата и синдикалните организации.

Двете страни ја потенцираа важноста на отворената комуникација и соработката за постигнување одржливи решенија кои ќе придонесат кон поквалитетна и поефикасна јавна администрација.

Министерот нагласи дека Министерството останува отворено за соработка со сите синдикати и дека транспарентниот и конструктивен дијалог е клучен во процесот на реформи и подобрување на јавниот сервис. Од страна на КСС беше изразена поддршка за инклузивен пристап во носењето на политики кои директно ги засегаат административните работници.

Средбата заврши со заедничка согласност за продолжување на дијалогот и редовни консултации по сите значајни прашања од интерес за вработените во јавниот сектор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk