logo
logo
logo

Николоски и Трајановски во увид над работата за изградба на автопатот Охрид-Кичево

Vecer | 15.06.2025

Николоски и Трајановски во увид над работата за изградба на автопатот Охрид-Кичево

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, во петокот и во текот на вчерашниот ден извршија вондреден надзор над активностите за изградба на автопатот Кичево-Охрид, соопштија од министерството за транспорт.

-Надзорот се направи на повеќе позиции каде во моментов се вршат засилени градежни активности за реализација на овој капитален проект.

При извршените контроли беше констатирано дека градежните работи се одвиваат со силен интензитет, согласно новиот динамички план за изградба на автопатот. Исто така беше утврдено дека наследентите проблеми со експропријацијата, дислокација на водовите како и косините се решаваат во континуитет согласно планираната динамика.

По целата траса работите се одвиваат интензивно, се со цел до почетокот на туристичката сезона да се пушти за сообраќај потегот од Врбјани до Охрид со еден мал прекин кај населеното место Ботун каде се работи на санација на свлечиште, истакнуваат од транспорт.

Како што истакна вицепремиерот Николоски, динамиката на работа е планирана на начин што целиот автопат ќе се заврши до крај на 2026 година и истиот да се пушти во употреба.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk