logo
logo
logo

Кривична за две лица од Скопје, ИЗНУДИЛЕ 300.000 ЕВРА ОД КУМАНОВЕЦ ЦЕЛИ 8 ГОДИНИ

Vecer | 05.08.2025

Кривична за две лица од Скопје, ИЗНУДИЛЕ 300.000 ЕВРА ОД КУМАНОВЕЦ ЦЕЛИ 8 ГОДИНИ

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал денеска (05.08.2025) до Oсновното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Ш.М. (34) и Ф.М. (37), двајцата од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „изнуда“ по чл.258 ст.3 од Кривичен законик.

-Во временски период од осум години, Ш.М. и Ф.М. од оштетено лице од Куманово, изнудувале пари, при што континуирано му упатувале сериозни закани врз неговиот и животот на неговата фамилија, со што прибавиле противправна имотна корист во вредност од 300.000 евра.

Во наведениот временски период оштетениот земал од Ш.М. 30.000 евра договарајќи се секој 1-ви во месецот да му исплаќа камата од 16%, при што до сега во повеќе наврати преку брз трансфер на пари, но и лично на Ш.М. му исплатил вкупно околу 300.000 евра, информира МВР.

На 04.08.2025, врз основа на претходен договор меѓу Ш.М. и оштетениот, тие се сретнале во кафе бар во склоп на бензинска пумпа во Куманово, каде оштетениот му дал на Ш.М. 2000 евра, по што Ш.М. е лишен од слобода, а при извршен преглед на лицето, кај него се пронајдени парите.

Врз основа на издадена наредба од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес во куќа каде престојуваат Ш.М. и Ф.М., при што е пронајдена документација поврзана со кривичното дело.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk