logo
logo
logo

ОСУДЕН И ПРОТЕРАН ОД МАКЕДОНИЈА заради знамето на Голема Албанија и ширење омраза

Vecer | 07.08.2025

ОСУДЕН И ПРОТЕРАН ОД МАКЕДОНИЈА заради знамето на Голема Албанија и ширење омраза

Германски државјанин е експресно осуден и протеран од Македонија со забрана за влез во следните пет години, откако на 5 август, пред фудбалскиот натпревар меѓу Шкендија и Карабаг, веел знаме на „Голема Албанија“, соопшти обвинителството.

Основното јавно обвинителство Скопје, по итна постапка поднесе обвинение за кривично дело – Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа.

Според обвинението, германскиот државјанин, истакнувајќи го знамето со натпис „Автохтона“, предизвикал чувство на омраза и нетрпеливост по етничка основа. Тој веднаш бил забележан и уапсен од страна на полициските службеници.

По брзата координација меѓу полицијата и обвинителството, Основниот кривичен суд во Скопје донесе пресуда со која го прогласи обвинетиот за виновен.

Изречена му е условна казна затвор од две години, која нема да се активира доколку во наредните пет години не направи ново кривично дело. Судот, исто така, донесе одлука за негово протерување и му изрече забрана за влез во државата во траење од пет години.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk