logo
logo
logo

Замина легендата што ги насмеа и расплака генерациите

ТАГА ВО МАКЕДОНИЈА - Почина Гоце Тодоровски, омилениот актер од „Македонски народни приказни“

Vecer | 27.07.2026

ТАГА ВО МАКЕДОНИЈА - Почина Гоце Тодоровски, омилениот актер од „Македонски народни приказни“

Македонија остана без еден од своите највпечатливи актери. По долг период исполнет со здравствени предизвцици, на 75 годишна возраст почина Гоце Тодоровски, актер чии луоги оставија длабок белег во македонскиот театар, телевизија и филм. 

На 75-годишна возраст вчера почина легендарниот македонски актер Гоце Тодоровски, по долга борба со бројни здравствени проблеми.

Веста за смртта на актерот ја објави неговата ќерка, Сашенка.

Тој во својата кариера одигра улоги во бројни серии, драми и емисии, но и во театарот, на телевизија и во радио-емисии.

Сепак, најзапамтен ќе остане по улогите во „Македонски народни приказни“ и како Цанде во „Солунски патрдии“.

Неодамна на Фејсбук страницата посветена на Ѓорѓи Колозов и „Македонски народни приказни“ беше објавено дека Тодоровски е во болница и во лоша здравствена состојба.Тој зад себе ги остави сопругата Тања, синот Гоце и ќерката Сашенка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk