logo
logo
logo

ПАРЛАМЕНТАРНАТА ДИПЛОМАТИЈА ВО СЛУЖБА НА РОДОВАТА ЕДНАКВОСТ: Средба Пешевска – Сориано Ортиз

Vecer | 21.09.2026

ПАРЛАМЕНТАРНАТА ДИПЛОМАТИЈА ВО СЛУЖБА НА РОДОВАТА ЕДНАКВОСТ: Средба Пешевска – Сориано Ортиз

Претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, Жаклина Пешевска, оствари работна средба со амбасадорот на Кралството Шпанија, Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз, во неговата резиденција.

На средбата беше разговарано за можностите за унапредување на соработката и размена на искуства во областа на рамноправноста меѓу жените и мажите и еднаквите можности.

Пешевска ги претстави активностите на Комисијата, со реализацијата на Акцискиот план на Собранието за унапредување на рамноправноста меѓу жените и мажите. Таа информираше и за активностите во областа на парламентарниот надзор, законодавството и јавните политики.

Посебен акцент беше ставен на надзорната расправа за насилството во 2026 година, на која беа сослушани претставници на клучните институции надлежни за спроведување на законодавството. Во тек е процесот на усвојување конкретни заклучоци и препораки за надлежните институции.

Во фокусот на разговорот беа прашањата поврзани со спречувањето и заштитата од насилство врз жените и семејното насилство, фемицидот, положбата и правата на жените земјоделки, како и унапредувањето на политичкото учество и лидерството на жените.

Беше истакнато значењето на меѓународната и регионалната соработка, како и на размената на парламентарни искуства и добри практики. Во таа насока, беа разгледани можности за соработка со Амбасадата на Кралството Шпанија преку експертски конференции и јавни дебати, студиски посети и институционални размени, како и активности за спречување на насилството и економско јакнење на жените.

Пешевска истакна дека Комисијата продолжува да работи на унапредување на еднаквите можности и на преминување од формална кон суштинска еднаквост, преку конкретни парламентарни активности, механизми за надзор и соработка со граѓанското општество и меѓународните партнери.

На средбата беше изразена подготвеност за понатамошно продлабочување на соработката во области од заемен интерес и за размена на искуства во насока на унапредување на еднаквите можности.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk