logo
logo
logo

Со големо дефиле на Широк Сокак почнуваат „Илинденските денови“

Vecer | 27.07.2026

Со големо дефиле на Широк Сокак почнуваат „Илинденските денови“

Општина Битола и Интернационалниот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“, кој се реализира во рамки на манифестацијата „Бит Фест“, ги покануваат битолчани и сите посетители на еден од највпечатливите и најпрепознатливи настани на фестивалот – традиционалното Фолклорно дефиле „Со песна и игра низ битолските улици“.

Стотици учесници од земјата и од светот, облечени во автентични народни носии, ќе продефилираат низ најпознатата битолска улица – Широк Сокак, носејќи ја со себе убавината на фолклорот, музиката и културното наследство.

Дефилето ќе започне во 18:30 часот од плоштадот „Магнолија“ и ќе се движи до платото пред Офицерскиот дом, каде традиционално со изведба на орото „Комитско“ се означува свеченото отворање на фестивалот.

„Илинденски денови“ повеќе од половина век претставува еден од најзначајните чувари на нематеријалното културно наследство и е член на светската асоцијација на фолклорни фестивали ЦИОФФ. Годинава, како и изминатите изданија, Широк Сокак ќе се претвори во сцена под отворено небо, каде традицијата, бојата и ритамот ќе ги обединат културите од целиот свет.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk