logo
logo
logo

ТОЈ НИВ, А ТИЕ НЕГО: КОЦЕВСКИ, СДСМ И ДУИ СЕ ШТИТАТ МЕЃУСЕБЕ

Vecer | 03.08.2025

ТОЈ НИВ, А ТИЕ НЕГО: КОЦЕВСКИ, СДСМ И ДУИ СЕ ШТИТАТ МЕЃУСЕБЕ

СДСМ ги штитат корумпираните обвинители и судии бидејќи им овозможуваат закрила на нивните функционери. Клиентелизмот на јавниот обвинител Љупчо Коцевски е гаранција за заштита и неказнивост на функционерите од СДС и ДУИ, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Поддршката што Коцевски ја доби од Филипче е меѓусебна заштита која ја гуши правдата во државата. Бидејќи доколку падне Коцевски, ќе се отворат врати за истраги како против Филипче така и за останатите функционери од СДСМ и од ДУИ. СДСМ со негласањето на интерпелацијата целосно се разголи, и на виделина пред јавноста излезе спрегата помеѓу СДСМ, ДУИ и Коцевски. Очигледно е дека СДСМ и ДУИ стојат зад заштитата на Коцевски, кој за возврат не презема ништо за наводните злоупотреби и сомнежи за висока корупција како и за сомнителни тендери поврзани со Филипче, Заев и со Ахмети“, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека со одбивањето да ја поддржат интерпелацијата, СДСМ и ДУИ јасно покажаа кој го поставал Коцевски и кој го одржува на функцијата јавниот обвинител.

„Сè додека Коцевски е на позицијата, довербата во правосудството ќе биде помала од 2%, а одговорност за криминалите поврзани со СДСМ и ДУИ нема да има. Доколку постои грам морална одговорност кај Коцевски, треба да ја препознае пораката од јавноста и да си поднесе оставка. Во Македонија неопходно е правдата да завладее, неопходни се коренити реформи и трансформација на судскиот систем“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk