logo
logo
logo

ВУЧИЌ ЌЕ ЈА ПРЕЧЕКА СИЉАНОВСКА ДАВКОВА во „Прохор Пчински“

Vecer | 01.08.2024

ВУЧИЌ ЌЕ ЈА ПРЕЧЕКА СИЉАНОВСКА ДАВКОВА во „Прохор Пчински“

Од Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја соопштија агендата за утрешното одбележување на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката. Според активностите, предвидено е најпрвин во Пелинце, со почеток во 10:00 часот, претседателката да положи свежо цвеќе пред Меморијалниот центар на АСНОМ, а исто така ќе има обраќање и ќе ја посети спомен собата во Меморијалниот центар. Во рамки на чествувањето ќе настапи ансамблот за народни игри и песни „Танец”.

Во манастирот „Св. Прохор Пчински“, со почеток во 12:00 часот, Сиљановска Давкова ќе положи свежо цвеќе пред спомен-плочата на АСНОМ.

-Во манастирот „Прохор Пчински“, претседателката Сиљановска Давкова ќе биде пречекана од страна на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ. Двајцата претседатели ќе остварат билатерална средба, по што се предвидени изјави за медиумите, стои во соопштението од Кабинетот на претседателката.

Со свое соопштение излегоа и од претседателството на Република Србија. Оттаму информираат дека во програмата на работната посета, за 12:10 часот е предвидена обиколка на манастирот, по што е предвидена заедничка фотографија на делегациите на Република Србија и Република Северна Македонија. , а во 12:30 часот средба на претседателката со претседателот Вучиќ.

Службата за соработка со медиуми на претседателот на Србија го најави и обраќањето на Вучиќ и претседателката на Македонија за во 13:00 часот.а

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk