logo
logo
logo

Покренато обвинение

СТОЈАНЧЕ ЈА ДОВЕЛ ИВАНА ДО САМОУБИСТВО СО ТЕПАЊЕ, ЗАКАНИ И ПСИХИЧКО МАЛТРЕТИРАЊЕ

Vecer | 13.03.2026

СТОЈАНЧЕ ЈА ДОВЕЛ ИВАНА ДО САМОУБИСТВО СО ТЕПАЊЕ, ЗАКАНИ И ПСИХИЧКО МАЛТРЕТИРАЊЕ

Обвинение е покренато против Стојанче Јовановски, кој се товари дека со долгогодишно психичко и физичко насилство ја довел сопругата Ивана Јовановска до трагичниот чин – скок од шести кат заедно со нивната шестгодишна ќерка Катја.

Според обвинителството, Јовановски ќе одговара за повеќе кривични дела, меѓу кои семејно насилство со нанесување телесни повреди, загрозување на сигурноста, како и наведување и помагање во самоубиство.

Истражните наоди укажуваат дека на 2 март, на неколку локации во Скопје, обвинетиот физички ја нападнал сопругата, удирајќи ја со шлаканици и тупаници, при што таа во еден момент изгубила свест.

Подоцна, на паркинг зад Основниот кривичен суд, ѝ упатил сериозни закани по живот, со што дополнително ја зголемил нејзината вознемиреност и страв.

Обвинителството тврди дека малтретирањето траело подолг период. Ивана, која била во фактичка и егзистенцијална зависност од сопругот, трпела понижувања, тепање и закани, често и во присуство на нивната ќерка. Насилството се засилило особено во текот на 2025 година.

На критичниот ден, по нови закани и напади, таа се вратила дома со детето со намера да се спакува и да замине. Но, психичката состојба во која се нашла – исполнета со страв, безнадежност и чувство дека нема излез – довела до трагедијата. Таа скокнала од терасата на станот на шестиот кат, заедно со малолетната Катја.

Во текот на истрагата, на Јовановски двапати му бил одреден 48-часовен притвор, по што му бил изречен и осумдневен притвор. Обвинителството сега бара мерката да продолжи, поради опасност од бегство и можност да продолжи со насилничко однесување.

Случајот предизвика силни реакции во јавноста и повторно го отвори прашањето за заштитата на жртвите од семејно насилство и навремената институционална реакција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk