Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините ќе провејува снег со послаб интензитет, се вели во прогнозата на Управата за хидрометеоролшки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието, повремено засилен ветер од северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи во интервал од нула до осум Целзиусови степени, a максималната дневна ќе достигне од шест до 16 степени.
Во Скопје, според синоптичарите, се очекува слично време, променливо облачно со повремени слаби врнежи од дожд и слаб до умерен ветер од северен правец. Дневната температура во главниот град ќе се искачи до 14 Целзиусови степени.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата