Уште една видео платформа го отстрани најновиот документарец на ИРЛ и Сашка Цветковска поради кршење на авторски права.
Од вчера документарецот на Истражувачка Репортерска Лабораторија (ИРЛ), кој беше насловен како „Цената на правдата“, повеќе не е достапен на платформата YouTube. Веднаш потоа, од редакцијата го закачија документарецот на платформата Vimeo, но од утрово тој не е достапен ни таму.
Познавачите велат дека продолжената редистрибуција на материјал без авторски права, може да биде квалификувано и како кривично дело. Според многумина, кога повторно се споделува материјал за кој некој друг поседува авторски права, може да дојде и до кривичен прогон.

Во избришаниот документарец, тимот на ИРЛ изнесуваше шокантни тврдења против обвинителите Хајрулахи и Цветановски, кои на пошироката јавност им станаа познати по тоа што сакаа да ги гонат обвинителите од екс СЈО: Катица Јанева, Фатиме Фетаи, Ленче Ристовска, Лиле Стефановска…
Случајот се однесуваше на незаконско делење на бонуси од неколку милиони евра од буџетот на СЈО.
Оваа е трет пат за кус период да се случува сериозен проблем со содржините објавени од оваа невладина органоизација откако ,,истражувачката лабораторија” за кој судот пресуди дека не е медиум. Досега судот два патои донесе пресуда за клевета во “истражувачките стории“ на ИРЛ и Сашка Цревтковска.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата