Физичка пресметка меѓу повеќе лица се случила вечера на Меѓународниот аеродром Скопје, а снимка од инцидентот се шири на социјалните мрежи.
На снимката се гледа како група лица се пресметуваат во просторот на патничкиот терминал. Во еден момент доаѓа и до туркање и физичка пресметка, додека околу нив има патници кои го следат инцидентот.
Случката се одвива пред поголем број присутни во терминалот, а дел од патниците застануваат за да видат што се случува.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата