logo
logo
logo

Можеби нема пари, АМА МЕРАКОТ ОСТАНУВА - НАЈМНОГУ СЕ УВЕЗУВААТ НАЈСКАПИТЕ МАРКИ АВТОМОБИЛИ

Vecer | 01.06.2025

Можеби нема пари, АМА МЕРАКОТ ОСТАНУВА - НАЈМНОГУ СЕ УВЕЗУВААТ НАЈСКАПИТЕ МАРКИ АВТОМОБИЛИ

Новиот автомобил и понатаму останува да биде статусен симбол во нашата култура и систем на вредности. Тоа го потврдуваат бројките за приходите на македонските овластени увозници на нови возила. Во период од само две години вредноста на вкупниот приход на увозниците на возила пораснал за повеќе од 100 милиони евра,поточно, од 280 милиони евра на 404 милиони евра.

Додка во Европа расте трендот на увоз на кинески и јапонски модели, Македонците сеуште најголем мерак имаат на германските брендови иако нивниот удел опаѓа и во Европа и во САД.

Најголем удел во пазарот држи „Порше Македонија“ кој продава возила произведени од концернот „Волксваген“ (Волксваген, Шкода, Сеат). Во период од две години (2022-2024) оваа компанија речиси го удвоила своето пазарно учество. Затоа што во 2022 година изнесувало 58 милиони евра, а сега е 100,2 милиони евра.

Втор најголем учесник на пазарот е „Мак Ауто Стар“ увозник за најпопуларниот светски автомобилски бренд „Мерцедес Бенз“ чии приходи лани надминаа 76 милиони евра од продажба нови возила и сервисирање возила.

Во тесна трка трет најголем продавач на нови возила на нашиот пазар е увозникот на „Пежо“ и „Опел“ – „Еуроимпекс“ пред „Атонова“ увозникот на „Цитроен“. Порталот Фактор објави податоци за најголемите дилери на нови ватомобили во Македонија:

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk