logo
logo
logo

Мицкоски: јавноста наскоро ќе ги дознае имињата

ПОРАНЕШНИ ФУНКЦИОНЕРИ НА СДСМ СЕ ВМЕШАНИ ВО ШВЕРЦ СО МАРИХУАНА

Vecer | 13.03.2026

ПОРАНЕШНИ ФУНКЦИОНЕРИ НА СДСМ СЕ ВМЕШАНИ ВО ШВЕРЦ СО МАРИХУАНА

Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за ТВ Ора 24, зборувајќи за случајот со запленетата марихуана истакна дека во интерес на истрагата не би можел да зборува, но она што во јавноста е познато е дека поранешни претседатели на ограноци на СДСМ и нивни блиски роднини се замешани во овој случај.

– Ќе дојде времето да се излезе во јавност. Ќе заврши истрагата и ќе слушнеме имиња. До сега од она што во јавноста е познато е дека поранешни претседатели на локални организации на СДСМ, нивни блиски роднини се некако замешани во целиот овој скандал.

Ќе ве потсетам дека овој скандал не е од сега, туку имаше една полициска акција уште во времето кога СДСМ и ДУИ беа во влада, на релацијата Струмица-Прилеп. Се сеќавате тогаш таа акција беше водена во содејство со американската ДЕА, се спомнуваа имиња кои се во роднинска врска со семејството Заеви.

Сето ова е многу симптоматично, индикативно и јас во овие услови додека трае истрагата би се задржал само на оние официјални соопштенија коишто доаѓаат од Министерството за внатрешни работи – рече Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk