logo
logo
logo

Мицкоски за кандидатурата на Меџити

„Не поднесува оставка, ќе продолжи да ги извршува своите обврски“

Vecer | 04.08.2025

„Не поднесува оставка, ќе продолжи да ги извршува своите обврски“

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, ќе продолжи да ги извршува своите обврски и покрај неговата најавена кандидатура за претстојните локални избори.

„Секој министер има и заменик-министер. Тие не поднесуваат оставка. Нормално е дека ќе ги извршуваат своите обврски во рамки на ресорите каде што се министри и истовремено ќе бидат кандидати“, истакна Мицкоски, додавајќи дека ова не е првпат функционери да се кандидираат додека се на јавна функција.

Според премиерот, вакви случаи биле честа пракса и во минатото, и дека нема причина да се очекуваат нарушувања во работењето на институциите.

„Сето она што претставува нормално функционирање на институциите ќе продолжи во таа насока“, додаде тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk