logo
logo
logo

ЕКСПО 2025: Национален ден на Република Македонија во Осака

Vecer | 01.05.2025

ЕКСПО 2025: Национален ден на Република Македонија во Осака

Со звуците на „Тешкото“, боите на македонското знаме и автентични елементи од традицијата и културата, денеска свечено бил одбележан Националниот ден на Република Македонија во рамки на ЕКСПО 2025 што се одржува во Осака, Јапонија.

Како што информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, нашата држава е претставена со павилјон што го симболизира нејзиното богатство – земја со длабока историја, култура и исклучително археолошко наследство, сместена во срцето на Балканот.

На настанот се обратил министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во својство на шеф на владината делегација, во чиј состав се и министрите за култура и за европски прашања, Зоран Љутков и Орхан Муртезани, генералниот секретар на Владата Игор Јанушев и шефот на Канцеларијата на претседателот на Владата, Владимир Нелоски.

Во своето обраќање, министерот Муцунски изразил благодарност до Владата на Јапонија, градот Осака, граѓаните на Јапонија и организаторите на ЕКСПО „за исклучителното гостопримство и за создавањето на оваа платформа за заедничко осмислување на иднината, под мотото: ’Креирање општеството на иднината за нашите животи’“.

Муцунски истакна дека македонскиот павилјон го симболизира богатството на нашата земја — држава со длабока историја и култура, соисклучително археолошко и културно наследство, сместена во срцето на Балканот. Држава која е препознаена како „бисер на Балканот“, благодарение на својата природна убавина, традиција и богатата културна ризница. Вредности кои ја прават државата привлечна туристичка дестинација и вистински бисер на Балканот. Тој се осврна и на можностите за инвестирање, развојот на билатералните односи со Јапонија, континуираната поддршка што нашата земја ја добива од јапонските партнери, како и на потенцијалот за натамошно зајакнување на политичката и економската соработка меѓу двете земји, соопшти МНРНТ. 

Фото: Министерство за надворешни работи и надворешна трговија

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk