logo
logo
logo

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА ОД ДУИ ЗА ПЕРЕЊЕ ПАРИ заедно со повеќе од 10 лица во акција на МВР

Vecer | 18.12.2025

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА ОД ДУИ ЗА ПЕРЕЊЕ ПАРИ заедно со повеќе од 10 лица во акција на МВР

Ноќеска и рано изутринава полицијата спроведе акција на повеќе локации низ државата, при што се приведени повеќе од десет лица. Меѓу нив има и поранешен директор, лице кое во минатото било високо етаблирано во структури поврзани со ДУИ. Станува збор за Бујар Дарлишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги.

Бујар Дарлишта е кадар на ДУИ, кој во изминатите години извршувал повеќе раководни функции во државната администрација. Најпознат е по мандатот како директор на Управата за водење на матични книги, институција која беше во фокусот на јавноста поради сериозни забелешки за начинот на работење и издавањето документи без целосна евиденција. Подоцна беше именуван и за управител во ЕСМ Дистрибуција, дел од државниот енергетски сектор. Во јавноста се перципира како партиски кадар на ДУИ кој раководел со чувствителни институции од системот, без да биде меѓу најекспонираните политички фигури на партијата.

Според досегашните информации, станува збор за сузбивање на организирана криминална група осомничена за кривични дела од областа на корупцијата и економскиот криминал.

По претходно обезбедени судски наредби, извршени се претреси на повеќе локации во Скопје и во Куманово. Неофицијално, при претресите до сега се пронајдени и одземени пари во различни валути, мобилни телефони, лаптопи, хард дискови, како и финансиска и друга релевантна документација.

Акцијата на полицијата започнала во текот на ноќта меѓу 17 и 18 декември 2025 година од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ – МВР, во координација и под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

-Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ – МВР од ноќеска спроведуваат активности на повеќе локации во Скопје и Куманово, поради постоење на основано сомневање за сторени кривични дела од финансиско економска природа,  се наведува во соопштението.

Повеќе детали најавуваат дека ќе бидат споделени по завршување на теренските активности.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk