logo
logo
logo

СЕ ФАЛСИФИКУВААТ ВО МАКЕДОНИЈА монети од ДВЕ ЕВРА, а завршуваат во Косово

Vecer | 01.12.2023

СЕ ФАЛСИФИКУВААТ ВО МАКЕДОНИЈА монети од ДВЕ ЕВРА, а завршуваат во Косово

Фалсификувани монети на европската валута, кои се дистрибуираат во Косово и во други земји од регионот се произведуваат во Македонија, информира Специјалното обвинителство на Република Косово по запленувањето на над 85 илјади фалсификувани евра во кованици од по две евра минатиот вторник.

Специјалното обвинителство на Косово соопшти дека побара едномесечен притвор за шестмината уапсени, од кои тројца македонски и тројца косовски државјани, кај кои на 28 ноември беа откриени метални монети со апоени од две евра, во вкупен износ од 85.010 евра.

Во барањето до Обвинителството кое го пренесе невладината „Заклетва на правдата“, која ја следи работата на косовските судски институции, се вели дека „постои сомневање оти обвинетите Б.А, Ш.А, А.А, С.Р, М.К. и Х.Д., со цел незаконски да се стекнат со материјална корист за себе и за групата, во неверификувано време обезбедиле фалсификувани пари, произведени во Македонија и вкупно 42.505 парчиња метални монети со апоени од 2 евра, во вкупен износ од 85 илјади евра“.

Во барањето е наведено дека осомничените потоа ги ставиле монетите во разни кеси, камуфлирајќи ги за да личат на товари обична стока и ги ставиле во автомобили, а потоа на 28 ноември годинава ги донеле во Косово, каде координирано се сретнале во Генерал Јанковиќ со обвинетите С.Р., М.К. и Х.Д. со цел заедно да го продолжат патот до Приштина, јави МИА.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk