logo
logo
logo

Меџити во Гази Баба: „Не зборуваме за промени. Ги правиме!“

Vecer | 07.08.2025

Меџити во Гази Баба: „Не зборуваме за промени. Ги правиме!“

Населбата Гази Баба влегува во нова фаза на инфраструктурен развој, со реализација на неколку крупни проекти кои ќе го подобрат квалитетот на секојдневниот живот на жителите.

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска оствари средба со граѓаните во срцето на населбата, каде што беа претставени проектите што ќе започнат со имплементација во наредните денови.

„Не зборуваме за промени. Ги правиме!“, порача Меџити, нагласувајќи дека станува збор за конкретна работа на терен, која е резултат на внимателно слушање на потребите на жителите.

Проектите што ќе стартуваат во следниот период се:

Реконструкција на улицата Петре Ѓорѓиев – 5.476.415 денари

Реконструкција на водоводната мрежа на улицата Аврам Писевски – 4.208.474 денари

Девијација на фекалната канализација од постојниот атмосферски колектор на улицата 155 – 5.888.052 денари

Реконструкција на улицата 157, заедно со водоводна, фекална и атмосферска канализација, како и улично осветлување – 4.582.460 денари

Жителите со интерес ги примија најавените проекти, а средбата се претвори и во отворена дискусија за идните приоритети на заедницата.

„Ќе продолжиме да бидеме присутни таму каде што има потреба – со реални решенија и со работа што се гледа на терен“, изјави првиот вицепремиер Меџити.

Проектите се дел од заложбата на Владата за рамномерен развој и вложување во урбаните заедници низ целата земја.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk