logo
logo
logo

Бектеши останува во ПРИТВОР

Vecer | 29.04.2025

Бектеши останува во ПРИТВОР

Поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши останува во притвор, а екс градоначалниците на Кочани, Николчо Илијев и Ратко Димитровски во куќен притвор, откако Апелациониот суд во Штип ги одби нивните жалби како неосновани. Тие се осомничени во рамки на истаргата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој загинаа 61 лице.

Во притвор останува и поранешната државна секретарка во Министерството за економија,  Размена Чекиќ Дуровиќ која ставила потпис на втората лиценца за вршење на угостителска дејност на дискотетката. Судот постапуваше по 8 жалби од кои само една прифатена каде мерката од куќен притвор се приначува со мерки на претпазливост за еден од осомничените, инспектор во Државниот пазарен инспекторат од Виница.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk