logo
logo
logo

ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со активности за одржување на хигиената и чистотата на Град Скопје

Vecer | 15.12.2025

ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со активности за одржување на хигиената и чистотата на Град Скопје

Во текот на изминатата недела, ЈП Комунална хигиена-Скопје седум пати во неделата, во три смени, реализираше собирање и транспорт на комуналниот отпад од 5000 надземни, подземни и полуподземни контејнери лоцирани во сите скопски општини, додека приближно 90 000 канти наменети за одлагање на комуналниот отпад од индивидуалните домаќинства се празнеа два пати во неделата, според однапред утврден распоред по блокови.

Претпријатието продолжува и со континуирано одржување на хигиената на јавните и сообраќајните површини што се во надлежност на Градот Скопје. Секојдневно се спроведува рачно и машинско метење на најфреквентните јавни површини – улицата Македонија, централниот плоштад Македонија и помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, Камениот мост, мостовите „Гоце Делчев“ и „Слобода“, пешачките мостови во централното градско подрачје, како и Старата скопска чаршија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk