logo
logo
logo

ПОЛИЦИЈАТА ПУКАЛА ВО ВОЗДУХ: Со ножеви нападнал девојче, нејзината мајка па полицајците, па ИЗБЕГАЛ

Vecer | 15.06.2025

ПОЛИЦИЈАТА ПУКАЛА ВО ВОЗДУХ: Со ножеви нападнал девојче, нејзината мајка па полицајците, па ИЗБЕГАЛ

Млад Велешанец вчера попладне предизвикал хаос заканувајќи се со ножеви на малолетничка, нејзината мајка и на полицајците кои дошле на повик за помош, по што ѝ побегнал на полицијата. Полицијата била принудена да испука неколку предупредувачки куршуми за да го натера да ги фрли ножевите.

Момчето С.У. (23) , поради засега неутврдени причини, прво на улицата „Хаџи Косте” во Велес, физички нападнало малолетничка со нож, а кога дошла нејзината мајка да ѝ помогне и нејзе и се заканил дека ќе ја прободе.

Настанот во полиција го пријавил таткото на девојчето, а кога полицајци дошле на местото и го затекнале момчето како држи остри предмети во рацете побарале од него да ги фрли, но наместо да ги послуша С.У. тргнал на полицајците за да ги нападне и нив.

Полицајците испукале предупредувачки куршум во воздух и повторно побарале да ги фрли ножевите, но тој продолжил да им се приближува. Полицајците повторно испукале уште еден предупредувачки куршум во воздух, по што напаѓачот го фрлил едниот предмет и почнал да бега.

Полицијата испукала уште два предупредувачки куршуми во воздух, а С.У. и натаму бегајќи го фрлил и вториот нож.

Полицијата сега трага по насилникот. За настанот е известен и Центарот за социјални работи Велес.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk