Со Аанднманот XXXIV од Преамбулата, во 2018 година, време на власт ан СДСМ и птремеирот Зоран Заев се БРИШАТ од Уставот “Одлуките на АСНОМ” и се заменуваат со зборовите “ ПРОГЛАСОТ на Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ”. Со бришењето на Одлуките на АСНОМ, со кои се удрија темелите на Македонската држава.
Овој амандман се однесува пред сѐ на делот од преамбулата на Уставот, каде што одлуките на АСНОМ се заменуваат со прогласот од Првото заседание на АСНОМ со што се релативизира самостојноста на државата, самостојноста на јазикот и постоењето македонско малцинство во Грција и Бугарија, и се додава Охридскиот рамковен договор да биде конститутивен елемент на државата - равен по занчење со АСНОМ!.
Овие амандмани се однесува за замена на зборот „Република Македонија“ со зборовите „Република Северна Македонија“
Првото заседание на АСНОМ донело вкупно девет документи со државно-конститутивен карактер, иако сите тие не се рангирани и немаат исто државотворно значење:
Државно-конститутивен карактер, во уставната смисла на зборот, имаат само Решението за одобрување на решенијата, наредбите и другите активности на Главниот штаб на НОВ и ПОМ и на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ, Решението за утврдувањето на АСНОМ за врховно, законодавно и извршно тело и највисок орган на државната власт на Македонија, Решението за воведување на македонскиот јазик за службен јазик во Македонија, Решението за прогласување на 2 Август за државен празник (национален празник) на Македонија и Декларацијата на АСНОМ за основните права на граѓаните на Демократска Македонија.

Првото заседание на АСНОМ е симбол на македонскиот вековен стремеж за создавање на слободна, независна, демократска Република Македонија.
АСНОМ е симбол на самоопределувањето, на борбата на македонскиот народ. Првото заседание на АСНОМ е одржано на 2 август 1944 година во манастирот „Прохор Пчињски“. АСНОМ е врховно, законодавно и извршно тело кое донесе значајни одлуки за развојот на македонската држава и има непроценлива вредност за граѓаните.
-Со овој врвен настан во нашата историја заврши еден долготраен период на многубројни борби, востанија, преродбенски процеси, за национална државно-правна афирмација на македонскиот народ и започна неговото живеење во своја сопствена држава, вели за МИА, Марија Живачки, виш кустос историчар и директор на НУ Музеј Куманово.
Меморијалниот комплекс АСНОМ е изграден во 2004-та година, по повод 60 годишнината од одржувањето на АСНОМ во манастирот Св. Прохор Пчински.
Во Музејот може да се види спомен-собата која ја доловува атмосферата од историскиот момент, трајно врежан во битисувањето на Македонците.
На 2 август 1944-та беа поставени темелите на современата македонска држава, со етаблирање на Народна Федерална Македонија во рамките на Демократска Федерална Југославија. Президиумот донесе акти како решенија, правилник и декларација кои го означија институционалниот процес на градење на македонската држава.
АСНОМ е поставен врз пожртвуваноста и идеалите на македонските борци кои се бореа против фашизмот и беа на вистинската страна на историјата со меѓународната антифашистичка коалиција. Антифашистичкото собрание е и врв на претходните страдања на македонскиот народ, на поробувањата, неправдите низ историјата.
Спомен-соба во Музејот, донесени клучни решенија, 2 август како датум со симболично значење
Во музејот во комплексот АСНОМ, посетителите, можат да ја разгледаат спомен-собата во која се опфатени детали и дел од решенијата, фотографии од заедничката прослава на народот и борците во манастирот „Прохор Пчињски“ сместен на само два километри од Пелинце.
-Оригиналните документи од првото заседание на АСНОМ се чуваат во Државниот архив на Република Македонија. Достапни за јавноста се копии од печатот и копии од дел од решенијата кои биле донесени на првото заседание. АСНОМ има непроценливо значење бидејќи се конституира за врховно-законодавно и извршно тело со највисоки ингеренции на државната власт, рече Живачки.
Меѓу донесените седум решенија, правилник и декларација се решенијата со кои македонскиот јазик се прогласува за службен јазик на македонската држава и решение со кое Илинден, 2 август се прогласува за народен државен празник на македонската држава. На првото заседание му претходело формирање на Иницијативниот одбор кој бил формиран на 2 август 1943-та година.
Декларацијата на АСНОМ — документ за основните граѓански права во Демократска Македонија. Донесена е на 2 август 1944 година во манастирот „Св. Прохор Пчињски”.
Декларацијата содржи 11 члена во кои се гарантираат:
правото на еднаквост и рамноправност на граѓаните пред законите; обезбедувањето на сите права на слободен национален живот на националните малцинства;
правото на слобода во вероисповедта и во совеста; правото на сигурност на имотот, правото на сопственост и на приватна иницијатива во стопанскиот живот;
правото на слобода на говорот, на печатот, на собирањето, на договорањето и на слободата при здружувањето;
општо, еднакво и непосредно избирачко право со тајно гласање за сите граѓани што се постари од 18 години;
правото на жалба против одлуките на органите на власта и правото на молба и поплаки до сите државни власт

Подготовки за одржување на АСНОМ
Иницијативниот одбор имал задача да почне со подготовките на заседанието, преку формирање на народно-ослободителни одбори на кои се бирале делегати. Според упатството донесено од Централниот комитет на Комунистичката партија на Македонија биле дадени насоки како да бидат избрани лицата: да бидат истакнати со својата работа во НОБ и да уживаат доверба во народот.
Делегатите биле од различна краишта на Македонија и од пиринскиот и од егејскиот дел на Македонија, биле избрани 115 делегати, а на заседанието присуствувале 60. Првото заседание се одржало во манастирот и го отворил најстариот член, Панко Брашнаров кој ги поздравил присутните, укажувајќи дека „душата ми е преполна со радост и дека е жив сведок на двата Илиндени“.
На президиумот биле избрани претседател Методија Андонов Ченто, за потпретседатели-Панко Брашнаров и Емануел Чучков, за секретари-Љубомир Арсов и Владимир Полежиновски, имало 17 члена. Записничар бил Киро Глигоров, кој воедно е првиот претседател на самостојна Македонија од 1991 година
Одборот имал и други функции раководење, поврзување на народноослободителни одбори, испраќал прогласи до македонското население, го информирал граѓанството за подготовките за одржување на антифашистичкото Собрание, соработувал со Врховниот штаб на НОВ на Југославија. Во тој историски момент, Иницијативниот одбор бил највисок орган на народната власт во Македонија.
Манастирот Прохор Пчињски бил одбран за одржување на заседанието, бидејќи во тој момент, била една од малкуте ослободени територии која се протегала помеѓу Куманово, Крива Паланка и Врање. Подготовките за свикувањето на Првото заседание на АСНОМ биле извршени во училиштето во кумановското село Рамно, сместено во Козјачијата. Таму подоцна е одржана и првата седница на Президиумот на АСНОМ на 6 август 1944-та година.
Прво заседание на АСНОМ

Првото заседание на АСНОМ е одржано на 2 август 1944 во манастирот, почнало во попладневните часови, а го отворил најстариот член, Пано Брашнаров. Салата каде се одржало заседанието била украсена со македонски и југословенски знамиња, со слики од Гоце Делчев, Јосип Броз Тито, Черчил, Рузвелт и Сталин.
На заседанието биле присутни и претставници на американската и англиската воена мисија и највисоките претставници на Врховниот штаб на НОВ и партизанските одреди на Македонија. Присуството на сојузниците покажува доверба и легитимитет со кој се признава политичката волја и право на сопствена држава.
Од заседанието до народот бил упатен и Манифестот на првото заседание на АСНОМ во кој меѓу другото се вели дека е остварен „вековниот идеал на македонскиот народ и „за прв првпат после Самоила, македонскиот народ створи своја сопствена држава, за прв пат македонскиот народ ќе се почувствува во Македонија како во своја куќа и за прв пат станува слободен народ во слободна држава…“
Тоа е најголемата придобивка во историјата на народот, спечалена во гигантскиот антифашистички фронт со крвта на најдобрите синови на Македонија и со помошта на другите народи на Југославија, осигурена во нова, федеративна заедница на народите на Југославија“. Заседанието испратило и проглас за одржаното заседание, а бил формиран и Президиум.
Донесени решение за воведување на македонски за службен јазик и декларација за основни права на граѓани
Придобивките од заседанието се далекусежни, донесените решенија го отсликуваат македонскиот народ, неговата волја за слобода, независност, напредок, но и промовираат заедништво, рамноправност.
На Президиумот биле донесени решенија но и декларација, за основите права на граѓанинот на демократска Македонија, во која сите граѓани се еднакви и рамноправни пред законите без разлика на припадноста, осигурани им биле правата на малцинствата, на секој граѓанин му е загарантирана слобода, слобода на говор, вероисповед, слобода на здружување, избирачко право и друго, клучни постулати на кои се темели секоја демократска и слободна држава.
Едно од клучните се и решенијата за воведување на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава и прогласување на Илинден – 2 август за народен државен празник на македонскиот народ и македонската држава, како симбол на сите негови борби за неговото конечно ослободување од вековното ропство и (за) создавање на слободната и суверена Федерална македонска држава. На заседанието бил донесен и правилник за работа на Антифашистичкото собрание.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата