logo
logo
logo

Собранието даде ЗЕЛЕНО СВЕТЛО ЗА ПОТРЕБАТА ОД ЗАКОН ЗА СУДСКИ СОВЕТ

Vecer | 16.12.2025

Собранието даде ЗЕЛЕНО СВЕТЛО ЗА ПОТРЕБАТА ОД ЗАКОН ЗА СУДСКИ СОВЕТ

Со мнозинство гласови пратениците ја изгласаа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет, објави Министерството за правда. Законот се проследува на второ читање.

Министерот за правда Игор Филков во своето обраќање во законодавниот дом рече дека со овој закон во Министерството е започната нова ера на работа и функционирање, во којашто секој битен и суштински закон за граѓаните на Република Македонија ќе се изготвува низ отворен, јавен и транспарентен процес.

,Клучни новини кои се предвидени со Законот се:

Јавност во постапката за разрешување на претседател на Судскиот совет,

За прв пат прецизирање на критериумите за избор на ‘истакнат правник’.

Воведување јавна расправа при избор на кандидатите за не-судски членови со цел поголема транспарентност и одговорност,

Зајакнување на критериумите за избор, одговорност и разрешување на членови на Советот од редот на судиите,

Јасно прецизирање на постапката за дисциплинска одговорност на судиите, но и на членовите на судскиот совет,

Воспоставување обврска Судскиот совет да ги прецизира, индивидуализира и образложи одлуките за избор и утврдување одговорност на судиите,

Утврдување на рокови за преземање дејствија за дисциплинска одговорност на судиите, како и прецизирање на основите и постапката за жалба против одлуката на Судскиот совет, како ибројни други решенија за унапредување на целокупната правна рамка согласно препораките на ЕУ“, рече министерот Филков.

Министерот изрази и длабоко жалење што дел од опозицијата не беше присутна на седницата за носење на исклучително важен закон кој е дел од Реформската агенда.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk