logo
logo
logo

СЛОВЕНИЈА НИ ИСПРАЌА ХЕЛИКОПТЕР да помага за гаснење на пожарите

Vecer | 01.08.2024

СЛОВЕНИЈА НИ ИСПРАЌА ХЕЛИКОПТЕР да помага за гаснење на пожарите

Хеликоптер на словенечките вооружени сили и екипаж денеска ќе бидат испратени во Македонија за да помогнат во гаснењето на шумските пожари, објави словенечкиот медиум „24ur“.

Словенија одговорила на барањето на Македонија за помош во рамките на Механизмот за цивилна заштита на Европската унија. По тој повод, официјална Љубљана испраќа хеликоптер „Кугар“ со екипаж, составен од припадници на Единицата за брзи интервенции при Министерството за одбрана на Словенија.

Нашата држава се соочува со големи шумски пожари, кои овој пат најмногу ги зафатија источните делови. Еден од пожарите однесе и жртва – постар маж почина по вдишување на чад.

Претходно овој месец, два хеликоптери на словенечката Армија помогнаа да се изгасне уште неколку пожари во Македонија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk