logo
logo
logo

Дали Филипче е ИМПРЕСИОНИРАН КАКО ЗАЕВ СЕ ПАЗАРЕШЕ СО НАЦИОНАЛНТИЕ ИНТЕРЕСИ?

Vecer | 01.05.2025

Дали Филипче е ИМПРЕСИОНИРАН КАКО ЗАЕВ СЕ ПАЗАРЕШЕ СО НАЦИОНАЛНТИЕ ИНТЕРЕСИ?

Дали Венко Филипче е импресиониран од Зоран Заев и по начинот на кој Заев се пазареше со националните интереси, беше вклучен во скандали, афери, уцени, закани, криминал а регионалните медиуми известуваа за корупциските скандали на владата предводена од Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Венко Филипче, кажа дека од Заев народот треба да учи и дека нема друг како него, дали Филипче всушност мисли на насловните страници во Италија како во случајот кога  корупциските скандали во владата на Заев беа на насловните странци во Италија во весникот  Ла Верита.

Филипче го следи и е верна сенка на Заев, а од тандемот Заев-Филипче Македонија и граѓаните само беа понижени и негативно претставени во регионот и светот.

Корупцијата на Владата на Заев се најде и на насловните страници на италијанските медиуми, а меѓу нив весникот Ла Верита излезе со наслов „Скандал во Скопје – Тендер за Леонардо: Цигани како нас“.

Венко Филипче е воодушевен и ги користеше истите методи и начин на работа како Заев и додека беше министер за здравство. За таа генеза и принцип на дејствување исто така постојат меѓународни наслови.  Ла Верита откри и друг скандал за владата на Заев, Кина го одбила Заев за вакцини бидејќи одел преку посредник фантом фирма со седиште во Хонг Конг.

Филипче учи од Заев негативно претставување и омаловажување на Македонија по регионалните медиуми и на меѓународна сцена. Такви вести објавуваа медиумите за скандалите на Филипче со вакцините во време на ковид кризата.

Италијанскиот весник Ла верита објави два документи со потпис на Филипче адресирани до кинеската компанија Синофарм. Едниот документ беше од 25 декември 2020, а вториот е од 25 јануари 2021. Во нив стои име на фирма од Хонг Конг, регистрирана во 2017та година, без медицинско и фармацевтско портфолио, која е претставена како посредник во набавката за вакцините.

Филипче сака да дојде на власт за да биде ист како Заев, Филипче јавно им кажа на граѓаните дека е континуитет на политиките на Заев. Затоа граѓаните не му веруваат и рејтингот на анкетите му е во слободен пад.

СДС е синоним за неспособност, предавства и криминал, стои во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk