logo
logo
logo

Обилен дожд и ветер до 60 км/час, од вторник стабилизација

Vecer | 27.07.2026

Обилен дожд и ветер до 60 км/час, од вторник стабилизација

Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер (над 60 километри на час), електрични празнења и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени – информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје, претежно облачно со врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со силен ветер, грмежи и услови за појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 32 степена.

Според УХМР, во наредните денови под влијание на поле со висок воздушен притисок, следува период на стабилно и топло време

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk