logo
logo
logo

ДОСИЕ ПАЦИЕНТ

БУЈАР ОСМАНИ: Од “Пациент“ до милионски тендери

Vecer | 13.08.2025

БУЈАР ОСМАНИ: Од “Пациент“ до милионски тендери

ДУИ и Бујар Османи се во паника. Знаат дека во Чаир доаѓа неизбежен пораз и дека граѓаните нема да наседнат на нивните лажни приказни, објавија од ВЛЕН, и продолжија:.

Бујар Османи е свесен дека неговиот празен политички кариеризам, без проекти, без резултати, овој пат ќе му зарши.

Бујар Османи не е кандидат на Чаир, за Чаир. Во дваесет години кариера не направил ниту еден проект за општината, ниту помогнал на било кој жител на Чаир. Секогаш бил тука само кога му требала политичка корист за себе. Не направил ниту за било која друга албанска општина.

Факти што Чаир ги знае:

Османи е осомничен во предметот „Пациент“ и доби амнестија за незаконски набавки. На кого сеуште му е должен за таа амнестија, треба да одговори.

Има неколку негативни извештаи од Државниот завод за ревизија за милионски незаконски трошења како министер за здравство.

Како министер за надворешни работи потроши 120 милиони денари за Самитот на ОБСЕ без никакви документи и покритие.

Заедно со Артан Груби го поддржа влезот на МТЕЛ и српските казина во Македонија, отворајќи врата за сомнителен капитал.

Бујар Османи е долгогодишен пријател и соработник со Артан Груби, Никола Груевски и Сашо Мијалков, луѓе кои се на црната листа на нашите стратешки партнеир, и кои беа дел од истата мрежа што ја уништуваше државата.

Чаир не заслужува кандидат кој дваесет години живее од политички функции, а не од работа за граѓаните.

На 19 октомври, Чаир ќе избере човек кој е тука, кој ги познава проблемите, ги решава и стои до граѓаните – а не политичар кој доаѓа само за да ја надополни својата биографија.

Бујар Османи нека одговори зошто додека целиот свој живто беше министер во сите влади, не обезбеди пари и проекит за албанските општини, зошто не помога за ниту една улица, булевар, градинка или училиште во Чаир, зошто не се градеше ништо во западнито дел од државата.

Топло му препорачуваме да продолжи со празни политикантски флоскули, без содржина и одговорност. Така ќе се открие неговиот кариеризам во целост.

Што е предметот ПАЦИЕНТ на СЈО од кој се спаси Бујар Османи

По 20-месечна истрага против вицепремиерот Бујар Османи отворена од Специјалното јавно обвинителство, именувана „Пациент“, за злоупотреба на службената положба додека бил министер за здравство во владата на Никола Груевски, Обвинителството ја запре постапката против него. Османи пред еден час објави на Фејсбук профилот.

Според потврдата од Обвинителството, за делот за кој Османи се сомничел, немало докази. Односно, според неофицијалниот брифинг за  тоа за кое се товарел, не ни било негова надлежност, туку на други одговорни лица во Министерството за здравство.

Така, Бујар Османи се спаси, но истрагата продолжува за уште 13-ина лица, негови поранешни колеги.

Истрагата СЈО ја отвори на 10.10.2018 година. Како што кажа тогаш ова обвинителство, станува збор за основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување на службени и одговорни лица во постапки по јавни набавки за извршување на градежни и градежно – занаетчиски работи во повеќе Јавни здравствени установи низ земјата.

Постои основано сомнение дека во 2010 година четворица од осомничените, Фатмир Авмедовски, Бетим Љамалари, Менсур Ибрахими и Жаклина Чагороска, како одговорни лица – претседател и членови на тогашната комисија за јавни набавки во Министерството, при вршење на јавна набавка за изведување на градежни и градежно – занаетчиски работи во повеќе Јавни здравствени установи низ Македонија, поднеле незаконит предлог за избор на најповолна понуда. А за Османи СЈО рече дека како министер за здравство, место да го одбие предлогот на Комисијата, донел решение за избор на најповолна понуда на понудувачот ГБС – Благоевград – Република Бугарија.

„Осомничените членови на комисијата, го фаворизирале понудувачот ГБС – Благоевград, и покрај тоа што знаеле дека овој понудувач не ги исполнувал условите од тендерската документација, односно не ги поседувал потребните овластувања за инженерите за изведба, а во предмер пресметките кои се составен дел на понудите, не направиле ниту точен збир на податоците, поради што не утврдиле дека понудата на Ингра Загреб е за 637.303,00 денари поевтина од онаа на ГБС Благоевград.

Иако сето ова му било познато и на министерот за здравство, тој не го одбил предлогот туку донел решение и ја избрал понудата на ГБС Благоевград како најповолна, и покрај тоа што вредноста на понудата е поголема од проценетата вредност по јавната набавка и на правниот субјект му овозможил имотна корист во износ од 21.604.150,59 денари“, рече тогаш СЈО.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk