logo
logo
logo

„СИЛНО ПАРТНЕРСТВО И ВЗАЕМНА ДОВЕРБА“ Мицкоски и Руте разговарале за актуелните безбедносни предизвици

Vecer | 03.03.2026

„СИЛНО ПАРТНЕРСТВО И ВЗАЕМНА ДОВЕРБА“ Мицкоски и Руте разговарале за актуелните безбедносни предизвици

Попладнево премиерот Христијан Мицкоски се сретна со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

- Во духот на сојузништвото и заедничките вредности, разговаравме за актуелните безбедносни предизвици, улогата на Алијансата во зачувувањето на стабилноста и мирот, како и за придонесот на нашата држава во рамките на колективната одбрана.

Ја реафирмирав нашата цврста определба за понатамошно јакнење на соработката со НАТО и активен придонес кон регионалната и глобалната безбедност.

Средбата претставува потврда за силното партнерство и заемната доверба, како и за нашата решеност да продолжиме да делуваме како кредибилен и одговорен сојузник во рамките на НАТО, објави премиерот Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk