„Исен Шабани, постојниот претседател на општина Врапчиште, Гостиварско, кој е и потпретседател на крилото на Алијансата за Албанците на Зијадин Села, ќе учествува на локалните избори како независен кандидат во обид да го освои третиот мандат на таа функција.“ – објави ТВ 21.
Натаму телевизијата истакнува:
Дали тоа подразбира дека Шабани му го врти грбот Зијадин Села? „Да, ќе настапам како независен кандидат. Но, за другите нешта немам став, ќе видиме во наредните денови како ќе се одвиваат работите.“ – одговара Шабани.
Тој е потпретседател на Алијансата за Албанците, предводена од Зијадин Села, која е дел од Европскиот фронт.
Се уште не знае дали ќе се префрли во другиот табор, во Алијансата за Албанците на Арбен Таравари.
Останува да се види каков потег ќе преземе Исен Шабани. Локалните избори се очекува да се одржат во октомври оваа година.
Фото: Тв21
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата