logo
logo
logo

ЗАТВОР ЗА ШТЕКЛИ и неговата група за препродажба на дрога

Vecer | 29.04.2026

ЗАТВОР ЗА ШТЕКЛИ и неговата група за препродажба на дрога

Основниот кривичен суд Скопје денеска ги прогласи за виновни и им изрече затворски казни на Раде Трајковски-Штекли во траење од осум години, Александар Гучевски - шест години, Стефан Китанов и Филип Таневски - по пет години и на Стојан Миланов во траење од три години и десет месеци како членови на група која неовластено продавала кокаин и марихуана.

Судот утврди дека осудените во периодот од јануари 2024 година до јануари 2025 година на територијата на град Скопје се здружиле заради неовластена продажба и пуштање во промет наркотични супстанции.

Во изречената осумгодишна казна на првообвинетиот Трајковски пресметано е и времето што досега го поминал во притвор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk