logo
logo
logo

Обвинителство да го ГОНИ градоначалникот на СДС во Крива Паланка за ширење паника за водата, „загадена со цијанид“!

Vecer | 06.04.2025

Обвинителство да го ГОНИ градоначалникот на СДС во Крива Паланка за ширење паника за водата, „загадена со цијанид“!

„Обвинителството да оформи предмет против градоначалникот на СДС во Крива Паланка Сашко Митовски, кој свесно ширеше паника за наводно загадената вода. Манипулацијата на Сашко Митовски не помина, водата во Крива Паланка нема цијанид 100-тици пати над дозволеното. Дали сега ќе се извини сега“ – истакна пратеникот Емил Спасовски од Крива Паланка, од редовите на ВМРО ДПМНЕ, на денешната прес-конференција.

Спасовски укажа: Сашко Митовски пред сè сега треба да им се извини првин на жителите на Крива Паланка, а потоа и на граѓаните на цела држава, за паниката која ја ширеше. Државниот инспекторат за животна средина се огласи со јасни наводи: водата во Крива Паланка нема цијанид 100-тици пати повеќе од дозволеното. Недозволиво е неговата желба за ситни политички поени да треба низ колективна паника да ја чувствува цела Македонија.Очекуваме Јавното обвинителство да преземе дејства и да го казни градоначалникот Митовски. Ширењето паника мора да биде казнето.Крива Паланка и Македонија не смеат да бидат заложници на Сашко Митовски и СДС.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk