Во текот на вчерашниот ден во 15.00 часот во м.в. Дупка, с.Таласманци, кратовско, од страна на Шумската полиција запрено е возило кое превезувало огревно дрво во количина од 8,70 м3.
При извршената контрола утврдено е дека лицето Ј.М. кое што управувало со возилото е вработено во Шумска полиција Крива Паланка и воедно е со несоодветни исправи, односно на самата испратница како возач на возилото наведено е друго лице со иницијали М.Ј.
-Од таа причина од страна на Шумската полиција возилото е привремено одземено и е предадено во ЈПНС Кратово до соодветна понатамошна постапка. Против вработеното лице ќе се спроведе постапка, одговорност за ова ќе има, велат од МЗШВ.
Од Министерството додаваат дека работат максимално за стопирање на криминалот и нелегалната трговијата со дрво.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата