logo
logo
logo

БУЈАР ОСМАНИ ГИ ПРЕЧЕКОРИЛ ОБЛАСТУВАЊАТА, сите се прашуваат како може Протокол да биде дел од Рамка, вели Сиљановска Давкова

Vecer | 16.05.2025

БУЈАР ОСМАНИ ГИ ПРЕЧЕКОРИЛ ОБЛАСТУВАЊАТА, сите се прашуваат како може Протокол да биде дел од Рамка, вели Сиљановска Давкова

Сите се прашуваат како може Протокол да биде дел од една Рамка. Не може, ама никој не кажал дека не може да биде, истакна македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова во вчерашното интервју во „Вин-Вин“ на ТВ Телма.

„Мислам дека министерот за надворешни работи си ги пречекорил овластувањата. Како тој потпишал дека нешто ќе влезе во Рамка, а Рамката ќе биде услов кој што треба да се исполни за да можеме ние да завршиме со кластерите и за да може да дојде, нели, до ратификација“, вели Сиљановска Давкова.

Дваесет години маратон не се слави, тажната приказна не ја напишавме ние, туку некој друг е авторот на тажната приказна, вели македонската претседателка.

„Мислам дека кога комесарката за проширување го употреби тоа, не го упогтреби за да ја квалификува Македонија, не да нè навреди“, рече Сиљановска Давкова.

И други земји, вели Сиљановска Давкова, имале пречка, но успеале да ја надминат.

„Ама вие кога нон-стоп се соочувате со пречки и кога некој верува дека пречките можат да се надминат со уставни измени, а Уставот е најинтерниот акт на една држава, закон над законите, општествена повелба, тогаш тоа е проблематично“, вели македонската претседателка.

За предлогот за уставни измени со одложено дејство, претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта рекол дека е извонредно конципиран, но Бугарија не го прифаќа, рече Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на Македонија

„Се обидол да го презентира, значи неприфатен, заради консензусот, иако многу членки го разбираат, не може да помине“, додаде Сиљановска Давкова.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk