logo
logo
logo

Касами: ВРЕДИ ГИ ПРЕТСТАВУВА АЛБАНЦИТЕ ВО ВЛАДА

Vecer | 01.05.2025

Касами: ВРЕДИ ГИ ПРЕТСТАВУВА АЛБАНЦИТЕ ВО ВЛАДА

Гостувајќи во емисијата „ClickPlus“ на ТВ21, градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами, зборуваше и за претставувањето на Албанците во Владата, истакнувајќи дека токму Вреди е тој што ги претставува.

„Говориме за двa политички субјекти – ВМРО како претставник на Македонците и Вреди како претставник на мнозинството Албанци во Владата, кои го сочинуваат овој владејачки коалициски состав. Од моментот кога ќе седнеме заедно и ќе одлучиме за реконфигурација, од тој момент ќе излеземе и ќе го презентираме тоа пред јавноста. И тука е јасно – за претставувањето на Албанците во Владата одлучува Вреди“, изјави Касами.

По излегувањето на Алијансата за Албанците од коалицијата Вреди, дали тоа значи дека сега имате 9 пратеници, додека албанската опозиција има 22?

На ова прашање во емисијата Click Plus одговори Билал Касами.

Тој изјави дека тие немаат ниту 21 пратеник и го појасни тоа:

„Не, не… Формално ниту опозицијата нема 22“.

Новинар: Колку имаат?

Касами: Тие треба да кажат, но 22 немаат.

Новинар: 21?

Касами: Ниту 21 немаат. Математички, албански пратеници има 29. Тројца се од турската заедница. 18 се од Европскиот фронт, а 14 од ВЛЕН.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk