Клиниката за онкологија е слика за државава, оптшествово, луѓево, вели поранешниот директор на Фондот за здравство Сашо Стефаноски.
Тоа е гадна и жална слика, слика на општествен и човечки пораз. Нема поголем грев! Кога нема систем, нема контрола, нема совест, а има анархија, криминал, злосторства, МОРА да има одговорност поради чесните луѓе, фамилиите на пациентите и наредните генерации, вели Стефаноски.