logo
logo
logo

Кос за македонскиот пат во ЕУ: ТОА Е ТАЖНА ПРИКАЗНА НА БАЛКАНОТ, ако Украина чека толку...

Vecer | 29.04.2025

Кос за македонскиот пат во ЕУ: ТОА Е ТАЖНА ПРИКАЗНА НА БАЛКАНОТ, ако Украина чека толку...

Ако Украина чека толку колку што Македонија чека почеток на преговори со ЕУ, тогаш Украина би ги започнала преговорите во 2045 година. Таа е тажна приказна на Балканот, заедно со Косово и со Босна и Херцеговина, вели во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ), еврокомесарката за проширување на Европската комисија, Марта Кос.

Таа изрази надеж дека до крајот на нејзиниот мандат како комесар во Европската комисија, позиција што ја презеде во септември 2024 година, Црна Гора и Албанија би можеле да станат членки на Европската Унија.

Нормализацијата на односите на Косово со Србија е предуслов за Косово да добие статус на кандидат и да го започне процесот на членство во Европската Унија (ЕУ), вели Кос.

Според неа проширувањето денес е различно отколку што беше пред пет години.

Сепак, денес велам дека процесот на проширување е различен од оној што беше во јануари, бидејќи толку многу работи се променија, вклучително и новата Влада на Соединетите Држави (САД).

Геополитиката се промени во смисла дека беше приоритет пред проширувањето, но не беше толку поврзана со делот за безбедноста и мирот. И повторно, некако со денешното проширување, се враќаме на основите за тоа зошто беше основана ЕУ. Тоа беше за да се обезбеди мир, слобода, просперитет, а денес би можеле да додадеме и безбедност. Тоа е всушност она што го правиме во целиот процес.

Секако, сè уште станува збор за поглавја, кластери и одредници, но ова е многу поважно во смисла дека ако не успееме во ова, всушност, ќе го кажам вака, не смееме да не успееме.

Затоа, денес е многу важно да не потфрлиме во процесот на проширување, што е најуспешната надворешна политика на ЕУ, рече Кос

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk