logo
logo
logo

Косовец со 10 евра мислел ќе го пуштат на граница, АМА ГО УАПСИЛЕ

Vecer | 16.04.2025

Косовец со 10 евра мислел ќе го пуштат на граница, АМА ГО УАПСИЛЕ

На граничен премин Долно Блаце, на влез во државата синоќа околу 19.30 часот полициски службеници го уапсиле Ш.Б.(51) од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“.

Од МВР денеска соопштија дека при гранична контрола, тој на увид дал документи за возило „фолксваген голф“ кое го управувал и во патната исправа ставил банкнота од 10 евра.

Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk