logo
logo
logo

Ковачки: Судството катастрофално лошо, потребни се оставки, генерален ремонт и реизбор

Vecer | 03.10.2024

Ковачки: Судството катастрофално лошо, потребни се оставки, генерален ремонт и реизбор

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, на денешната собраниска Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, рече дека работите во судството се "лоши, катастрофално лоши и тоа е оценка на сите од надвор и од внатре."

Тој посочи дека поради нула ажурност на судовите резултатите се катастрофални.

"Резултатите се катастрофални со ажурност нула на судовите. Од одредени судови се праќаат по други, од едни апелациони подрачја во други се праќаат на испомош затоа што нема судии," вели Ковачки.

"Правдата генерално во Република Македонија ја нема тоа правосудство, судство, обвинителство таа спрега е скапана и тука ние не може да направиме исчекор без генерален ремонт. Мора да имаме генерален ремонт и реизбор," потенцираше Ковачки.

Тој е дециден дека сите во судскиот совет треба да си дадат оставки. "Судски совет како што сега е поставен треба да си дадат оставки затоа што доведоа до тие 2% доверба."

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk