logo
logo
logo

Кривичен прогон против актуелен пратеник на СДСМ

Vecer | 27.09.2024

Кривичен прогон против актуелен пратеник на СДСМ

Пратеникот од редовите на СДСМ, Борче Цветков, ќе одговара кривично, за период додека директорувал со Затворот во Струмица. Денеска МВР објави дека струмичката полиција до Основното јавно обвинителство Струмица поднела кривична приjава против лицето Б.Ц.(40) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување” по член 353 од Кривичниот законик.

Нетпрес дознава дека станува збор за пратеникот Борче Цветков. Тој се сомничи дека противзаконски им овозможил на тројца осуденици да користат погодности кои воопшто не им следувале, поточно не биле присутни во Затвор Струмица и по еден месец, а во евидентната книга, по наредба од пријавениот Цветков, било заведувано дека осудените лица биле присутни во затворот.

Станува збор за тројца осуденици, од кои едниот е Лазо Котуровиќ, во струмичко познат како Лазо Д’лгио.

ВИДЕО| Градоначалникот на Струмица со Лазо Д’лгио се весели во кафана – За ВИП гости не важат ковид протоколи!

„Пријавениот, во својство на поранешен вршител на должноста директор на Казнено – поправната установа Затвор Струмица”, во текот на 2021, 2022 и 2023 година на затворските полицајци им наредувал и им се заканувал, надвор од законските прописи, да ги ослободуваат од затвор осудените лица Л.К., Ѓ.В. и Г.Т..

Имено, тројцата осуденици користеле погодности кои не ги следувале и не биле присутни во Затвор Струмица и по еден месец, а во евидентната книга, по наредба од пријавениот, било заведувано дека осудените лица биле присутни во затворот. Во книгата за влез и излез од затворот, осудените лица не биле секогаш заведувани и по наредба на пријавениот се вршело бришење со коректор во книгата на други заведени осудени лица, а на нивно место се пишувал Л.К.. Исто така, Л.К. се водел во затворот иако во моментот бил надвор од државата“, се вели во информацијата до јавноста на МВР.

Според нашите извори, Лазо Котуровиќ бил во Германија.

Инаку, сега пратеникот Борче Цветков бил директорот на Затвор Струмица до февруари, годинава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk