logo
logo
logo

Македонија со СДСМ 7 години тонеше, СЕГА ЕКОНОМИЈАТА СЕ СТАБИЛИЗИРА, индустриското производство зголемено за 5,2%

Vecer | 01.05.2025

Македонија со СДСМ 7 години тонеше, СЕГА ЕКОНОМИЈАТА СЕ СТАБИЛИЗИРА, индустриското производство зголемено за 5,2%

Македонија тонеше во жив песок со владата на СДС и нивното лошо менаџирање на економските политики од кои секој 3 граѓанин беше сиромашен а 600.000 луѓе живееа со по 150 денари на ден, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

За 7 години власт со СДС состојбата на економски план во Македонија секојдневно се влошуваше а граѓаните осиромашува.

СДС со лошите економски политиките на Заев и Ковачевски ја испразни буџетската каса и ги задолжи граѓаните.

Со СДС раст на БДП по глава на жител за 7 години беше 20%, додека во регионот над 50%, докажаа неспособност за менаџирање на државата од која и денес економијата заздравува.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја враќа стабилноста и економскиот просперитет на граѓаните.

 Денес имаме раст на индустриското производство за Март од 5,2% на годишно ниво, споредено со Март 2024 година и после долго време раст на индустриското производство на квартално ниво.

Во првиот квартал од 2025 споредено со првиот квартал од 2024 година, индустриското производство порасна за 2%. Расте преработувачката индустрија во Март за 4,8%, а во првиот квартал за 3,6%.

Наследството од СДС беше катастрофално. Во вториот квартал од 2024 година, индустриското производство паѓаше со -7%, а индустријата беше во тешка рецесија. Потоа следуваа два квартали на стабилизација за да имаме во првиот квартал од 2025 година раст на индустриското производство, во исклучително сложени услови за Европската економија.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ континуирано работи на привлекување странски инвестиции отворање на нови работни места и подобар животен стандард на граѓаните, потенцираат од владејачката партија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk