logo
logo
logo

МАКЕДОНИЈА СТАНУВА ПОДЕМОКРАТСКА ЗЕМЈА: Напредуваше 10 места на Индексот за демократија на „Економист“

Vecer | 14.03.2025

МАКЕДОНИЈА СТАНУВА ПОДЕМОКРАТСКА ЗЕМЈА: Напредуваше 10 места на Индексот за демократија на „Економист“

Македонија бележи раст на индексот за демократија на Економист, информираше премиерот Христијан Мицкоски.

Добра вест. Македонија „скокна“ 10 места на Индексот за демократија на „Економист“. Бележиме скок од 10 места на Индексот за демократија за 2024 година на листата на „Економист“, наоѓајќи се на 62 место на листата, напиша премиерот Христијан Мицкоски на неговиот Фејсбул профил.

Зад Македонија, потенцира Мицкоски, се најдоа Србија, Албанија и БиХ. Србија е на 64-тото место, Албанија на 66-место, а БиХ на 88-мо место. Во 2023-та и 2022-та Македонија се наоѓаше на 72-то место на листата на еминентниот „Економист“ во однос на Индексот на листата за демократија.

– Продолжуваме заедно да работиме и да ја нормализираме државата. Македонија ќе биде повторно ваша!, објави на ФБ Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk