МАКЕДОНИЈА ЗАСЛУЖУВА ФЕР ПАТ КОН ЕУ: Сиљановска-Давкова од Будимпешта со порака - проширувањето мора да се темели на заслуги

Vecer | 23.10.2026

МАКЕДОНИЈА ЗАСЛУЖУВА ФЕР ПАТ КОН ЕУ: Сиљановска-Давкова од Будимпешта со порака - проширувањето мора да се темели на заслуги

По повод одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Будимпешта присуствуваше на работниот ручек, којшто за шефовите на делегациите го приреди претседателот на Унгарија, Андраш Бака.

Таа му упати честитки по повод неговиот избор за претседател во август, годинава и изрази подготвеност за продлабочување на македонско-унгарските односи преку политички дијалог, размена на посети и унапредување на економската соработка.

Сиљановска-Давкова се заблагодари за принципиелната и гласна поддршка од Унгарија на македонските евроинтеграции и нејзиниот активен ангажман во рамките на „Вишеградската група“. Таа укажа на неопходноста од кредибилен процес на проширување, заснован на заслуги врзани за Копенхашките критериуми.

Исто така, соговорниците разговараа за актуелните геополитички предизвици и потребата од јакнење на мултилатерализмот, како механизам за силни институции, што ќе им овозможи на малите држави поголемо учество во процесите на одлучување за глобалните прашања.

Претседателката ги искажа своите ставови за потребата од длабоки реформи на меѓународните организации, премин од реактивна кон превентивна дипломатија како предуслов за ефективно справување со глобалната криза, како и за потребата од проширување на Европската Унија со земјите од Западниот Балкан.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk