logo
logo
logo

Мицкоски: 40 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ТУТУНАРИТЕ, ЗАПОЧНА ИСПЛАТАТА

Vecer | 25.04.2025

Мицкоски: 40 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ТУТУНАРИТЕ, ЗАПОЧНА ИСПЛАТАТА

Денес сакам да споделам одлична вест за македонските земјоделци, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Имено, министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство Цветан Трипуновски ме извести дека од денес започнува исплатата на субвенции за тутун во вкупна висина од 2.404.561.224 денари, или речиси 40 милиони евра на 14 502 тутунари.

Значи тутунарите, заслужено, со својот труд од државата ќе добијат 40 милиони евра за последната реколта на тутун.

Ќе потсетам дека кога ја преземавме одговорноста да управуваме со државата затекнавме заостанати и неисплатени субвенции, а за некои субвенции се чекаше со години. Часовите и деновите на посветена работа излегуваат на површина.

Се бориме за секој еден човек, преку дела да почувствува дека Македонија е повторно негова. Нека е со среќа, напиша Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk