Очекувам врз бројките на коишто ги добивам убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата којашто ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, изјави премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за медиумите за време на посетата на тренинг центарот во Идризово.
Мицкоски истакна дека и вчера на настанот на кој имаше говор бил јасен и дека СДСМ може да не освои ниедно место.
На настанот вчера јасен бев и и прецизен можеби онаму кадешто е конкурентен СДСМ се 2 до 3 максимум 4 општини. Да бидам искрен ако вака продолжат не одговорно да се однесуваат можеби и да немаат освоено општина на следните локални избори. Гледам и тие малкумина коишто ги подржуваат играат на картата на кратко помнење на граѓаните и нормално нехилистичка политика, се што прави оваа Влада не чини, па не може се што прави оваа Влада да не чини, вели Мицкоски.
Мицкоски најави кон крајот на месец ноември почеток на декември да има голем број структурни промени во рамките на структурите на партијата и на општинските комитети.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата