Премиерот Христијан Мицкоски денеска повтори дека владата е стабилна, и покрај излегувањето на Арбен Таравари од Влада. Тој рече дека поддршката е и натаму силна, и дека продолжува коалицијата со ВРЕДИ.
Владата е стабилна и силна. Има речиси двотретинска поддршка во рамките на парламентот, и очекувам да продолжиме со коалицијата ВРЕДИ онаму каде што излезе министерот за здравство кој ја промени реториката во последните неколку дена и сега е во прегратките на оние кои последните две децении ја срамеа Македонија, но тоа е негова одлука – рече Мицкоски.
„Тоа портфолио останува во рамките на коалицијата ВЛЕН. Очекувам во текот на следната недела да имаме предлог. Ние вчера, по владината седница, имавме коалициска координација. Разговараме за тоа што нѐ очекува во периодот што е пред нас така што како краен рок крајот на оваа недела го дадовме за да ги дефинираме кадровските решенија и веќе да може во понеделник-вторник јас да ги доставам до пратениците во Собранието“, рече премиерот Мицкоски денес по увидот во градежните работи за реконструкција на Гинеколошко-акушерската клиника во Клиничкиот центар во Скопје.
Иако кажа дека позицијата министер за здравство останува во ВЛЕН, премиерот Мицкоски нагласи дека како претседател на Владата има право да каже не за евентуален предлог на личност со која не би можел да соработува.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата