logo
logo
logo

Мицкоски од одлични вести: 5,2% РАСТ НА ИНДУСТРИСКОТО ПРОИЗВОДСТВО НА ГОДИШНО НИВО

Vecer | 30.04.2025

Мицкоски од одлични вести: 5,2% РАСТ НА ИНДУСТРИСКОТО ПРОИЗВОДСТВО НА ГОДИШНО НИВО

На пат од Валенсија кон Скопје, добив одлична вест во авион: раст на индустриското производство за Март од 5,2% на годишно ниво, споредено со Март 2024 година и после долго време раст на индустриското прозводство на квартално ниво, вели премиерот Христијан Мицкоски

Имено, во првиот квартал од 2025 споредено со првиот квартал од 2024 година, индустриското производство порасна за 2%. Посебно радува фактот што расте преработувачката индустрија во Март за 4,8%, а во првиот квартал за 3,6%.

Што наследивме како влада?

Во вториот квартал од 2024 година, индустриското производство паѓаше со -7%, а индустријата беше во тешка рецесија. Следеа два квартали на стабилизација и конечно имаме во првиот квартал од 2025 година раст на индустриското производство, во исклучително сложени услови за Европската економија и автомобилската индустрија. Ова се солидни индикатори и инспирација да продолжиме со дисциплинирани и развојни економски политики. Горда Македонија е богата Македонија, напиша Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk